Friday, April 7, 2017

Нападната студентка во Скопје поради исламски обележја


СКОПЈЕ (АА) - Покриена студентка, муслиманка од Скопје, Сумеја Адеми (19), заедно со нејзината пријателка христијанка, минатиот четврток биле физички и вербално нападнати во центарот на Скопје од страна на тројца Македонци од христијанска вероисповед, кои рекле: „Ова е христијанска земја, тие што носат шамија да заминат од каде што дошле, во Саудиска Арабија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Сумеја заедно со својата другарка од универзитетот биле нападнати од група од тројца, две машки и едно женско лице, а таа за АА објаснува дека била нападната во центарот на градот, додека седеле на клупите на плоштадот. Сумеја раскажува дека групата поминувала покрај нив, но не знаеле дека нејзината пријателка е Македонка, па застанале и ги провоцирале со зборовите како „гнасни шиптари“ и проклети терористи.
Откако Сумеја и нејзината пријателка не реагирале и одлучиле да се повлечат, неколку минути подоцна повторно се сретнале со истата група, а Сумеја одлучила да праша што е проблемот, зошто се нападнати и каква штета направиле. Но, тројцата од групата одговориле дека им пречи нејзината облека, при што Сумеја реагирала, а нејзината другарка ја бранела, што предизвикало гнев кај групата. Во тој момент, едно од лицата од групата се обидело да ѝ ја повлече шамијата на Сумеја, но со неколку помали повреди успеале да се повлечат.
„Почнаа да ме нарекуваат терорист, гнасна шиптарка и дека ова е христијанска земја и оти еден ден сите нас ќе нѐ истераат. Момчето ме фати за рака и почна да ме влече велејќи ми да заминам од оваа земја. Со мојата пријателка успеавме да се повлечеме, но тие беа зад нас и нѐ нарекуваа исламски терористи, да заминеме од кај што сме дошле, од Саудиска Арабија, и дека оваа земја е христијанска. Околу нас имаше многу луѓе, но никој не интервенираше. Сите молчеа и гледаа од страна“, вели Сумеја за АА.
- Сумеја: „Како што крстот ја симболизира нивната религија, шамијата ја симболизира мојата религија“ -
Сумеја истакнува дека растела и живее во Скопје, додека нападот за кој не помислувала дека може да ѝ се случи, не ја шокира, но ѝ предизвикал премногу стрес. Таа вели дека поради овој настан нема да престане да се дружи со Македонци, Турци или со другите етнички групи што живеат во Македонија.
„Оваа шамија не е симбол на тероризмот, туку е симбол на религија. Исто како што еден Македонец држи крст, кој е симбол на нивната религија, исто и оваа шамија е симбол на мојата вера“.
„Исто како јас го почитувам нивниот симбол, и тие треба да го почитуваат мојот, бидејќи живееме во 21 век и треба да има хармонија, љубов и мир меѓу нас, а не омраза”, рече Сумеја, посочувајќи дека на младите им останува да се залагаат за мир утре, а да се мразат и распределуваат врз основа на верска и национална припадност.
Таа ги повикува македонските граѓани, особено младите луѓе, да не потпаѓаат на провокации, туку да се борат да има хармонија меѓу граѓаните на оваа мултиетничка и мултикултурна земја, без разлика религиската или етничката припадност.
„Денес ми се случи мене, утре може на некој друг. Не само на еден Албанец, туку исто Албанец или Турчин може да нападне Македонец. Да не дозволиме такво нешто да се случи, туку да придонесуваме за мирот и хармонијата меѓу нас”, апелира Сумеја до граѓаните. 

Saturday, November 7, 2015

Уништена џамија во Крива паланка после протестот под мотото „Протест против исламизацијата на Крива Паланка“

По вчерашниот протест во Крива Паланка против изградба на џамија, демолиран бил еден импровизиран муслимански верски објект наменет за молитви. За ова информираше Партијата за целосна еманципација на Ромите. Мотото „Протест против исламизацијата во Крива Паланка”, центарот за слобода „Цивил” го оцени како говор на омраза и остро го осуди. Под мотото „Протест против исламизацијата на Крива Паланка“, околу три илајди граѓани го изразиле револтот, како што тврдат, против незаконската изградба на нова џамија. Организаторите на протестот велат дека никој не смеел да гради џамија без дозвола и документи. Претходно, граѓаните потпишаа и петиција. Градоначалникот на општината, Арсенчо Алексов, во изјава за дел од порталите рече дека џамија нема да се гради затоа што мнозинството од населението во Крива Паланка е православно. Како одговор на бруталниот напад ви го пренесуваме интегрално писмото објавено во магазинот фокус Пишува Х.Сулејман еф. Реџепи Поради ментална хигиена, не читам и не следам разноразни портали и порталчиња што, во недостаток на знаење, новинарска умешност, креативност и професионалност, се обидуваат да си обезбедат што повеќе кликови ширејќи говор на омраза. Со таквите сум раскрстил. Но, како што вели една полувистина- “Правилата постојат за да бидат прекршени“. Така, читајќи една вест за протестите на граѓаните на Крива Паланка, а подржани од нивниот градоначалник во врска со изградбата на една џамија во тоа градче, наидов на антиисламски валканици од кои останав вџашен. Можноста да се изгради џамија на една локација што и припаѓа на ИВЗ предизвикала необјаснив гнев и омраза кај некои “псеудонимци“. Зошто се вознемирувате бре добри луѓе, што лошо гледате во тоа што во вашата средина ќе никне еден Божји дом. Сте се плашеле, слушам, од “исламскиот фундаментализам“. Иако тој израз му е наметнат на Исламот, иако фундаментализмот е откритие на христијанството дури од пред сто години кога во Америка се раѓаше идејата за “одбрана на вистинските христијански вредности пред иновациите“, признавам дека и ние муслиманите се плашиме од верскиот фанатизам, од било која провениенција. Стравот лежи кај сите нас, и кај вас, и кај нас, кај сите. Се плашиме подеднако од канцерот, од економската криза, не плаши неизвесната иднина на нашите деца, заканата од дестабилизација на земјата. Но, ние муслиманите посебно се плашиме да не згрешиме пред Бога. Верувам и вие што себеси се представувате како “бранители на христијанството пред продорот на Исламот“ од Бога се плашите најмногу. Целта на џамиите е да зрачи толеранција Подсетувајќи дека вредностите и традицијата на Исламот имаат незаменлив придонес кон етничкото и верското богатство на Македонија, сакам да нагласам дека Алаховите домови, значи џамиите,одсекогаш биле центри на духовниот живот и на културниот препород. Во нив, муслиманите, преку своите молитви наоѓаат мир и спокојство, ги ублажуваат своите стравови, дилеми и болки. Поради тоа муслиманите градат џамии,како што имаат намера да ја изградат со Алаховата помош и таа во Крива Паланка, во градчето каде што некогаш постоеле шеесет и пет џамии, а сега нема ниту една. А бре добри луѓе. Целта на џамиите е да биде центар на племенитите и на добрите муслимани, да зрачи толеранција и љубов со кои што муслиманите на најдобар начин ќе придонесат за заедницата и средината во која што живеат. Бидејќи живееме заедно, време е да сватите кои се основите на нашето верување и во нас да се навикнете да препознавате пријателство и стремеж кон соживот. Земајќи го предвид сето горенаведено, навистина ме обзема тага од протестите на граѓаните на Крива Паланка против изградбата на џамијата. Тажен сум што еден градоначалник не успева да изнајде сили да излезе пред своите сограѓани со апел да се солидаризираат и тие во акцијата за изградба на џамијата. Тажен сум што моите сограѓани не успеваат вистината да ја видат како вистина, а таа вели дека четириесет проценти од населението во Македонија припаѓаат на Исламот. Џамиите се Божји домови и Крива Паланка ќе има свој Божји дом Добри луѓе. Македонија е секуларна држава и во неа не би требало една вера да биде по битна од другите бидејќи сите се подеднакво битни. Исламот и христијанството одсекогаш живееле во хармонија, и токму нивните вредности влијаеле врз психологијата на овдешниот човек. Добриот муслиман и добриот христијанин се одликува со чесност, трудољубивост и толерантност и не гледам зошто и понатаму да не бидеме такви. И, додека го пишувам овој текст, ме известуваат дека објектот на ИВЗ во Крива Паланка во кој што тамошните муслимани ги извршуваат своите обреди, бил нападнат и демолиран. Луѓе што се сметаат себеси за добри Македонци и добри Христијани го сториле тоа. Истиот ден кога нашите политичари објавиа дека се договориле конечно да и стават крај на кризата што не тресе со месеци и да сторат нешто добро за земјата. Пораката што пристигна од Крива Паланка е загрижувачка.Таа ги вознемири муслиманите бидејќи,нели, Крива Паланка се наоѓа во Македонија, таму функционираат разграноци на политичките партии што денес ни ветиа подобра Македонија. Таква ли Македонија ни ветиа во која што ќе се уништуваат и ќе горат џамии, таква ли во која што еден дел на народот ќе стравува за својата безбедност и ќе биде оневозможен да ја практикува својата вера ? Таква ли во која што на некои луѓе ќе им биде дозволено да се однесуваат како неонацистите на Златна Зора ? Добри луѓе: Џамиите се Божји домови и Крива Паланка ќе има свој Божји дом.

Thursday, September 27, 2012

Одговор на фашизиодниот „Гејтстаун“: Косово- мека на радикален ислам

Вчера на Сител повторно забележавме интересена исламофобична вест. Луѓето денеска хоби им стана наместо да се интересираат за својата вера и за тоа како таа негова вера пропаѓа или е десеткувана поради немање никакви морални кодекси, се врти кон другиот и сака сите свои проблеми да ги префрли во туѓ двор. Но секако ова нее нешто ново и нема да прекине туку секојдневно ќе се одвива оваа борба помеѓу лагата и вистината, помеѓу лицемерите и вистинољубивите, на оние кои плукаат на се што не им е познато, различно, наместо да гледаат во секоја работа нешто позитивно,потребно за неговите духовни вредности и градење. Денеска исламофобите ги наследуваат оние кои што исчезнаа 1945 година. Тоа се истите оние фашисти кои фамозно ги снема. Се појавија од оние кои што требаше да ја бранат човечноста, се појавија од оние кои беа жртви на геноцид кој Хитлер го спроведе. Еден од тие фашизоидни институти е „Гејтстоун“ кој денес гледаме дека успеал да се наметне и во Македонија, и тоа не баш секаде туку баш на Сител, моментално најгледаната Телевизија во Македонија. Но што е всушност Гејтстоун институт? Единствена посериозна студија најдовме од еден друг институт кој ги истражува влијателните организации кои се обидуваат да влијаат на надоврешната политика на Сад наречен „Institute for Policy Studies“. Во таа студија се укажува дека директор на оваа фамозна организација е Нина Розенвалд(Nina Rosenwald)главен подржник и организаторр на антисламските групи и индивидуи.Позната е и по своето организирње во 2008 преку еден друг институт кога го донела исламомрзецот Герд Вилдерс кој збореше на тема како да се сочуваат луѓето од исламот и неговата експанзија. Поради ваквиот испад на тој институт каде Вилдерс го навредуваше Мухаммед а.с., Нина се одвои во 2011 и оформи свој институт. Настан кој е доста интересен и кој го организира оваа организација само за своите членови се нарекува „Извештај на советодавното тело“ и на него може да се учествува само по уплатата на донација од минимум 10 000 $. Во 2012 организирале низ настани меѓу кои повторно бил повикан Герт Вилдерс, потоа Даниел Пајпс и други кои имаат цврст произраелски настап во светот и сето тоа под еден наслов: „Борба против исламот“. Овој институт редовно пишува статии и понекогаш намерно уфрла лажни и невистинити обвиненија за муслиманите кои активно се занимаваат со објаснување на Исламот. Интересно е што самиот институт не си го објавил своето водечко членство туку навел кои се подржувачи на тој институт. Меѓу нив има доста произраелски лобисти и бивши челници на Пентагон, а моментално учествуваат во подршка и водење кампања за новиот кандидат на САД Мит Ромни. Меѓу колумнистите е забележителен писателот Роберт Спенсер кој пишува статии и книги против исламот. Се надеваме дека новинарот Марјан Николовски во иднина ќе земе во предвид со кого гради куќа и дека на ова поднебје неможе неговата куќа да ја преставуваат група лобисти и антиисламисти кои најверојатно стојат и позади последниот антисиламски филм наречен „Невиност на муслиманите“. Скорешната појава на филмот и скорешната појава на оваа организација која влече слични корени како и филмот(израелско-коптски) корени укажува дека овие луѓе се многу опасни и дека се со намера да предизвикаат поголем христијанско-исламски судир. Модерните крстоносци заборавиле дека во ова време информациите се достапни и дека иако подготвуваат лажна кампања против одредени луѓе, сите тие биографи и и нивни видеа се достапни на интернет, како што вели Аллах во Куранот: - Тие што не веруваат ги трошат имотите свои за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Тие сигурно ќе ги потрошат, потоа заради тоа ќе жалат и на крајот победени ќе бидат. А тие што нема да ве- руваат, во пеколот ќе бидат ставени, - за добрите од лошите Аллах да ги одвои, и ло- шите едни над други за да ги наталожи, и потоа сите во еден куп да ги збие и во пеколот да ги фрли! Тие навистина ќе бидат изгубени.(Ел Енфал, 36/37) Кој е Закир Наик? Закир Наик е доктор по медицина и познат оратор по религиски студии низ целиот свет. Успешно водел илјадници дебати на компаратини религии, и тоа на тема Ислам-Хиндуизам, Ислам- Будизам , Ислам-Христијанство, Ислам- Атеизам и др. Експерт по познавање на Тората,Евангелијата, Ведите, Санскритите, Куранот и други религиски скрипти и истите ги познава во поголем обем напамет. Неговата одлична меморија и разбирање на теолошките аспекти брзо го доведе меѓу највлијателните 100 луѓе во Индија. Помеѓу другото има своја телевизија „Мир“, каде остроумно се спротиставува на сите оние кои го негираат исламот, но се спротиставува и на разни секташки движења, покрети, како и против оние кои шират тероризам во исламскиот свет. Неговите предавања за тероризам може да ги погледнете овде. Ова е само еден од деловите. Погледнете како човекот е изваден од контекст и погледнете на кој му служат медиумите денес.

Saturday, September 15, 2012

Како завршиле оние што го навредувале Мухаммед, алејхи селам

Како завршиле оние што го навредувале Мухаммед, алејхи селам
Сета благодарност Му припаѓа на Аллах кој го воздига оној кого Тој сака и го понижува оној кој Тој субханеху ве те’ала сака. Кај Него е секое добро и кај Него сите ќе се вратиме. Неможе а да не се изначудиме на настаните кои веќе ден за ден се појавуваат и личат на она што Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ни го навестил за доаѓањето на огромни искушенија како предзнаци на Судниот Ден. Верникот едвај ќе може да ја распознае вистината од лагата. Секогаш кога ќе го снајде некое од тие искушенија, тој ќе повика „ова ќе ме уништи“. А кога тоа искушение ќе престане, веднаш по него ќе дојде друго. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот саллааху алејхи ве селем, рекол: „Дочекајте ги со добри дела искушенијата кои се налик на најтемниот дел од ноќта; тогаш човекот ќе осамне како верник, а ќе заноќи како неверник, и ќе заноќи како верник, а ќе осамне како неверник. Ќе ја продава својата вера за незначителна дуњалучка (овосветска) полза.“ Од предзнаците на Судниот Ден е ширењето на лагата меѓу луѓето, така што нема да остане никаква морална пречка која човек ќе го спречи да излаже или да пренесе непроверена вест покрај одвратноста на лагата и лошите последици кои таа ги предизвикува меѓу луѓето. Лоша вест Еве, денес, еден таков лажливец и познат манипулатор и измамник, како што пренесуваат сите светски медиуми (погледни овде), се снашол како и на друг начин да си го оправда својот криминал. Немајќи веќе простор и понатаму да врши проневери на пари преку својот компјутерски бизнис се нафатил да прави свое „филмско ремек дело“ кое го направил со измама, земајќи дузина глумци кои мислејќи дека играат во филм на некој си „пустински воин“, всушност ќе ги искористи во една мелодрама со која ќе се обиде да предизвика гнев кај милијарда ипол муслимани. Дали успеал? Мора да признаеме дека во добар дел успеа во планот, но истиот заборава дека ова е „јалов“ план. Филмот со кој овој „небитен“ манипулатор и поттикнувач на омраза, за кого патем медиумите рекоа дека е близок со еден „свештеник-исламомрзец“ кој ни стана познат преку „ парадата“ на палењето на Куранот минатата година, укажува дека сето ова најверојатно е заговор на христијански екстремисти(погледни овде). Со тоа тие извеле еден гнасен и подол план и чин. Имено планот им бил, и како што велат сеуште ќе трае со цел навредата врз Мухаммед, алејхи селам, односно исламот и неговите милијарда и пол припадници да биде потполна(погледни овде) . При тоа тие сакаат да се здобијат со симпатии од што поголем број истомисленици со кои ќе си ја тренираат својата „демократичност“ . Нормално, сето тоа ќе го тренираат врз едни постојано дежурни виновници за сите проблеми во светот, а тоа се муслиманите. Немаме намера да образложуваме како исламот и муслиманите се виновни за светската економска криза, војните околу нафтата и светските ресурси, болестите во светот, гладот и бедата, но засигурно дознавме од „таквите исламофоби“ дека ова „ муслиманско племе“ треба да се „дисциплинира“ на начин на кој нив им одговара. Кратко кажано тоа би значело напуштање на сите морални одлики кои треба да го красат еден муслиман и прифаќање и величање на неморалот кој е присатен кај ваквите личности. Тука би сакал да се задржам на една многу побитна работа за нас муслиманите. Тоа што во повеќе наврати го зборувале учените и одредени поискусни даии (повикувачи), а тоа се вестите во кои се пласира „антисламска“ пропаганда не е добро да се шират и не треба да им се дава значење. Ние и незнаејќи пред некој ден имавме текст на оваа тема(погледни овде). Но погледнете го резултатот на тоа, еден бедно глуп филм, со крајно небитна содржина, пропратен со никаква глума, со никакви вложени средства, со како што тврдат измамена и изманипулирана екипа, се најде за кратко време на врвот на сите светски листи на гледаност. Како дојде до тоа? Па многу лесно. Манипулаторот знаел како да го изведе ова. Еден човек, кој патем не е многу глупав, ниту е сам во ова, ги искористил сите можни средства јавно да пласира невистини и навреди кон нашиот Пратеник, алејхи селам. Идејата, потоа, му била да направи нешто што ќе го поврзе со некои влади и држави за да успее во својата намера да ги вовлече во една „блиц“ војна и во една гротексна игра наречена: „Демократијата- правото на говор на омраза“ vs Исламот . „Поттикнувачот“ на овој говор на омраза и на ова гнасно дело поради кое и денес умираат луѓе, својот (за)говор на „демократичност“ го брани кукавички и подло, криејќи се зад псевдоними, при тоа ставајќи ги своите сонародници, своето семејство, своите пријатели и познаници – претежно Копти, во една крајна деликатна и тешка состојба. Навидум, медумската, политичката, а и воената ситуација укажува дека муслиманите се во дефанзива, дека немаат ништо што можат да сторат освен безглаво да трчаат и палат амбасади во кои нема ама баш никој поврзан со настанот кој е почнат од еден „неранимајко“. Радува веста што во Египет, Коптите христијани станаа на протести против овој „филм“ и тоа е очекувано да го каже секој хуманист, но она што загрижува е невниманието кон чувствата на муслиманите од страна на „демократските“ општества. Одговорноста на укажувањето на вистината и на менувањето на состојбите не е во рацете на обичните муслимани. Тоа е задача на педесетината претежно муслимански држави и влади и нејзините преставници кои доколку се и најмалку љубоморни, свесни и обединети по ова прашање, треба да го покажат тоа на дело. Тие треба да ги прекинат врските со тие што ги подржуваат ваквите говори на омраза, да постават услови за здрава меѓурелигиска комуникација и да побараат одговорност од луѓето кои ова го организираат и потикнуваат. Но дали е се така црно и дали ние муслиманите треба да гледаме црно ? Секако не. Добра вест Пред Мухаммед, алејхи селам, биле навредувани и други Пратеници, бил навредуван Ное, бил наврдуван Мојсеј, бил навредуван и Исус нека е божјата милост врз сите нив. Колкава е разликата помеѓу муслиманите кои ги веруваат и признаваат сите Божји Пратеници и оние кои несакаат да веруваат во тоа? Секако, огромна. Без разлика на се, исламската историја веќе 1500 г. познавала вакви (не)луѓе, ги познавал и самиот Мухаммед, алејхи селам, а ги познаваме и ние поради еден цитат од Куранот кој секој муслиман си го знае: „а тој што те мрази(Мухаммеде) – сигурно без помен ќе остане.„(Кевсер, 3) т.е Мухаммед, оној кој те мрази тебе, навистина упатството, доказите и јасното светло кое го носиш до таквиот е дека ќе биде понижен и без спомен ќе остане. Но не само тоа, Аллах неговиот(Пратениковиот) спомен го воздигнал високо, така да секој ден се спомнува и споменот негов го сторил обврзителен за своите робови , за сите времиња се до Судниот Ден, нека е Аллахов благослов и спас над него се до денот кога ќе се повика. Неговиот помен на илјадници јазици и на илјадници места се кажува секојдневно и се донесува благослов врз него, алејхи селам, со надеж дека тој ќе ни биде заговорник за нашите лоши дела на Судниот ден, на ден кога ќе нема кој друг да посредува. Неговото чесно име го изговараат луѓе кои вдишуваат чист воздух, кои не си го извалкале својот јазик со пцовки, со неморал, алкохол или блудни дејства. Со што можат да се пофалат оние кои спонзорираат порнографија, педофилија, кои се главни одржувачи на тие блуднички дејства, оние кои немаат ништо свето во својот живот, кои само со своите усти говорат дека веруваат во Бог, а во секое свое дело го негираат или Му припишуваат ортаци. Колку ли лажни усни, колку ли лажни срца. Зар не е тоа исто она срце за кое Исус во евангелијата кажал: - 7. Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: 8. »*Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; 9. но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби(Матеј) Еден од тие кои што го навредувале Мухаммед алејхи селам , бил и неговиот чичко и кога Пратеникот Божји а.с. ги повикал луѓето и кажал: „О луѓе кажете нема друг бог освен Аллах и ќе се спасите!“ и кога луѓето околу него би се собирале, тој би го прател, би стоел позади него и би говорел: „Лаже,тој ја напуштил својата вера!“ Би го пратил и не би му дал никаде мирно да помине. Возвижениот вели во Куранот за Ебу Лехеб: „Ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен“ т.е со огин со искри и пламен кој се пред себе ќе пржи, ќе жари и ќе пали. „ и жена му која носи дрва“која својот маж го бодрела и помагала во инаетот и неверувањето. Затоа со него на Судниот Ден ќе ја дели заедничката казна и маките во пеколниот(Џехеннемскиот) огин. Затоа Возвишениот вели: „на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“. Сеид бен Мусејд кажува дека таа имала скапоцена огрлица и дека говорела: “Ќе ја продадам и ке ја потрошам во борба против Мухаммед!” Па Аллах наместо нејзе во Џехеннемот ќе и даде јаже од пламен исукано. Некои учењаци велат дека по зборовите на Возвишениот:” на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“ се мисли на јаже од огин околу врат кое ке оди до врвот, а тогаш до дно ке ја пали и така наизменично. Како завршил на крај Ебу Лехеб кој толку многу го напаѓал Мухаммед алејхи селам, кој својата омраза и непријателство никаде не го криел. Неговата смрт го снајде на најмизерен начин, од зараза здобиена при една рана, која толку многу се раширила што неговите синови 3 дена неможеа да му се приближат и да го закопаат. Кога се исплашија повеќе да го држат така, го потрпаа со камења во една дупка во која го ставија со стапови, недопирајќи го. Така Аллах го понижил и на двата света и за сите времиња. Слично се случува и со сите оние кои говорат лошо и го навредуваат Мухаммед алејхи селам , со сите оние кои го напаѓаат Куранот, нивниот крај е неминовно страшен и казната е голема. Истото го снајде и синот на Ебу Лехеб, кој во една прилика го нападнал Аллаховиот Пратеник, за да самиот ја погледнал со свои очи смртта која го снашла од еден лав. Кога се појавил лавот пред него самиот рекол пред сите дека ова е она што треба да ме изеде, бидејќи ваква молитва упатил Мухаммед алејхи селам. Исто завршиле и сите оние кои сакале да го убијат Мухаммед алејхи селам, меѓу кои и Ебу Џехл , така завршиле и Ќаб ибн Ешреф и многу други кои го навредувале Аллаховиот Пратеник, а денеска останале без спомен и без траг. Аллах ветил дека кога нема да има муслимани во можност да ја одбранат честа на името на Пратеникот, дека Тој субханеху ве те’ала, ќе го чува и ќе Го освети Својот Пратеник. Дали после ова муслиманите треба да го навредат Исус и да го прикажат како не му доликува. Нормално дека не, ниту го правеле тоа, ниту ќе го прават, туку напротив исто како што реагирале за навредата кон Мухаммед алејхи селам тие треба да станат да ја бранат честа и на Исус алејхи селам. Сите тие пратеници се од Бог пратени за да ни го олеснат и осветлат патот на Вистината, да само Господарот свој Го обожуваме, само на Него да Му робуваме , а своите страсти и пороци да ги изгасиме и да ги совладаме. Затоа секој говор против пратениците е од незнаење, страст, емоции и омраза и ѓаволско дошепнување, во кое се јавува мисла дека некој на некого ќе му ги одземе правата, ќе му ја уништи слободата, пароли на кои денешниот„затвореник и роб на системот и медиумите“ не ги разбира и веднаш реагира. Непознавањето на другиот, неградењето на мостови на разбирање, нетолерантност на чувствата за поинаквиот и различниот доведуваат до ситуација која може да го наруши целото човештво. Секој муслиман треба да знае дека Аллаховата помош е близу. Аллах ни кажал во Куранот дека: „.. Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени.(13/11). Аллах ни дал пропис како да се однесуваме и кон нашите пријатели, а и кон нашите непријатели: 8. Аллах не ви забранува да чините добро и да би- дете праведни кон тие што не војуваат против вас заради верата и кои од родниот крај не ве прогонува – Аллах, навистина, ги сака тие што се праведни - 9. но ви забранува да пријателувате со тие што војуваат против вас поради верата ваша и кои од родниот крај ве прогонуваат и кои помагаат да бидете прогонети. Тие што пријателуваат со нив самите на себеси си чинат неправда. (Куран, Ел Мумтехина) Сите ние треба да сме свесни дека правдата е еден од највозвишените идеали и цели на еден муслиман. Како да постапиме и како да се сочуваме од ваквите напади? Како што видовме ова што ни се случува не е нешто ново. Ние треба да сме свесни дека аманетот што ни останува е да шириме добро мислење за Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и пред се медиумската битка да ни биде приоритет во одбрана на чесниот морал и име на Пратеникот, алејхи селам. Да го шириме и да постапуваме по неговото Упаство, односно по Пратениковиот, саллалаху алејхи ве селам, ахлак (морал) . Неговата жена Аиша, р.а., е таа која му беше секогаш блиску, било во сон или во јаве, во болест и здравје, во лутина и задоволство и се пренесува дека рекла: „Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллалаху алејхи ве селам, не бил бесрамен и неморален, никогаш не викал по пазари, ниту со лошо возвраќал на лошото туку би простувал.“ Радува фактот што бевме сведоци на некои муслимани кои овој „срамен“ чин го искористија да поделат книги и брошури кои говорат за животот на Пратеникот, алејхи селам. Сепак би се изненадиле кога би знаеле само колку луѓе би сакале да ја чујат и другата страна на приказната. Вистинската страна. Аллаховиот Пратеник, саллалаху алејхи ве селем (нека е божјиот мир и спас над него) , одбил да го остави повикувањето во ислам и покажал постојаност, стрпливост и нималку не се поколебал во повикувуањето кон својата вера (кон Божјата вера, кон чистиот исламски монотеизам). Ова дело на повикувањето на Пратеникот, алејхи селам, опстанало и денеска и ние како верници треба да сме среќни што овој аманет стигнал до нас и после 1400 години го следиме најсликовиот, најдобриот пример во целото човештво.

Friday, August 17, 2012

Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед а.с.

Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед Екстремно десничарска група доби вчера на суд во Берлин право јавно да истакнува провокативни карикатури на пророкот Мухамед за време на планираните демонстрации овој викенд пред џамија. Административниот суд во Берлин пресуди дека групата „Про Дојчланд“ може јавно да носи копии од карикатурите на пророкот Мухамед, кои прв пат беа објавени во Данска во 2005 година, кога предизвикаа силни протести на муслиманите ширум светот. Исламскиот закон забранува сликање на пророкот Мухамед. Судот соопшти дека ја отфрлил итната жалба, која ја поднесоа три исламски конгрегации со цел да го спречат „Про Дојчланд“ јавно да ги прикажува карикатурите на Мухамед пред џамијата за време на демонстрациите, кои се најавени за утре. Судот нагласи дека карикатурите се заштитени со уметничка слобода и оти законски не можат да бидат сметани за злоупотреба на верска група. - Обичното прикажување на карикатурите на Мухамед не ги квалификува како повик за омраза или насилство против специфичниот сегмент на популацијата, се наведува од судот. Полицијата стравува од судири за време на демонстрациите во Берлин, по насилството на слични протести на екстремната десница против исламската салафистичка заедница порано оваа година во западната германска државна Северна Рајна Вестфалија. Утрински весник Како завршиле оние кои го вреѓале Мухаммед?

Friday, August 10, 2012

Геноцидот кој се врши во Бурма

Од ден во ден ситуацијата во Аракан е се полоша и полоша. Апсењето и злоставувањето во општините Муангдау, како и населбите во општината Ситва и Кјуктау не престануваат . Здружените орди на Рахина будистите во соработка со бурманската полиција и безбедносните апарати, вршат етничко, верско и расно читење на Аракан од Рохинга муслиманите со црна боја на кожа, кои според ОН се најзагрозеното национално малцинство во светот. Неколку десетици илјади убиени со огнено оружје, брутално претепани до смрт, запалени и заклани Рохинга (анг. Rohingya), повеќе десетици илјади запалени куќи, над 100 000 бездомници, илјадници злоставувани и силувани Рогинга муслиманки – е билансот на зверскиот поход на “мирољубивите“ будисти од Рахина заедницата, известуваат медиумските сервиси на Рохинга муслиманите. Голем број на муслимани кои успеале да побегнат од ножот на своите комшии будисти се соочуваат со глад и жед, затоа што прехрамбените артикли им се потрошени, а Рахина мушриците не дозволуваат да им се продава артикли на муслиманите, а покрај тоа умметот и ОН не превземаат никакви практични чекори. Многубројните апели за помош упатени до светската заедница од страна на Рохинга здружението – срамно се игнорирани, не само од ОН и “чуварите на човекови права“ од Запад, туку и од муслиманските светски заедници! Умметот како да не го слуша крикот на силуваните Рохинга девојчиња од 13 години. Всушност илјадници силувани и зластавени муслиманки на старост од 13 до 65 години! Додека расистичките и терористичките ѕверски орди на будистите вршат иживување над телата на муслиманките, луѓето кои себеси се нарекуваат муслимани не знаат ни каде на мапата се наоѓа Аракан, местото на актуелниот геноцид над муслиманите, но затоа пак ја знаат комплетната постава на тимовите на Шпанија и Португалија. Рохинга информативниот сервис овие денови известува за болни срцепарачки призори на геноцид кој и понатаму тече: покрај апсењето и носењето на муслиманите, бруталните силувања, палењето на цели села и брутални убиства, Рахина будистичките ѕверови спроведуваат систематско палење на џамиите, палење и газење врз исламската света книга, како и уринирање по неа. Додека муслиманите немо набљудуваат Всушност, многу муслимани толку беа окупирани со следењето на спорскиот спектакл што немаа ниту време да ги слушнат страњата на Рохинга муслиманите во Бурма. Да се сочуствува со страдањата на муслиманите во светот Илјадници муслимани умираат широм светот, а нашите срца како да станале имуни на страдањата на муслиманите, нашите уши станале глуви, чуствата нормални и “пусти“, а од длабочината на нашите срца не излегува ниту најмало треперење. Дали сме станале незаитересирани за оваа ситуација затоа што немаме начин да ги браниме тие муслимани, или сме од ное кои не се помрднуваат, чуствувајќи дека нашите сопствени проблеми станале претешки, и дека не се разликуваат од проблемите на тие муслимани? Бурма, Сирија, Кашмир, Палестина, Јемен, Кавказ, Сомалија..... дали некогаш сме ги слушнале гласовите на муслиманите таму, каква е нивната состојба, или не сме слушнале за нивните страдања воопшто, дури ни локацијата на самите региони каде тие муслимани се наоѓааат, никогаш не не интересирало да ги дознаеме? Како муслиманот може да биде вака лош? Само поради тоа што самите имаме многу проблеми , иако многу од нив се преувеличени, ние лесно ги потценуваме страдањата на муслиманите во одалечените краеви. Зарем немаме чуство во најдлабоките делови на срцето, зарем нема лутина која е посилна од звукот на стискање на заби со кои ја изразуваме нашата емотивна состојба? Кога ќе ги отвориме весниците дали таму ги читаме само написити од спортот, или на интернет ги следиме само вестите со озборувањата на славните? Знаеме ли за трагедијата на големиот број муслимани широм светот? Жена е силувана, дете е убиено и човек умира на улица. Зошто не се обидуваме тоа да го читаме, само да го прочитаме? Зарем мораме трагедијата да ја почуствуваме на своја кожа за да во неа поверуваме, за да сочуствуваме со милиони муслимани кои во овој момент страдаат. Зарем треба нашите мајки и сестри да бидат силувани пред наши очи, вратовите на нашите татковци пресечени пред нас, и ние самите да бидеме влечени по мрачните улици само поради тоа што ја практикуваме вера ислам, зарем тоа треба да се случи, па да се сетиме на напатените муслимани. Трагедијата нема никогаш вистински да се осети освен кај оние кои ја доживуваат, кои низ неа поминуваат и тогаш стануваат и се спротиставуваат. Опцијата е, пред вистински да го почуствуваме тоа страдање, да ги почуствуваме во себе, да почуствуваме како се чуствуваат муслиманите кои патат и да им помогнеме, макар и со искрена дова кон Аллах! Сочуствуваме со нив! Затоа што ако тоа страдање не задеси нас, дали ќе можеме да издржиме? О Аллаху помогни им на муслиманите во Бурма и олесни им го страдањето, а изгубеното надополни им го на Денот кога убиецот и убиениот ќе застанат пред тебе, па убиениот ќе си го побара своето право! Преземено: Исламски Центар

Thursday, August 9, 2012

ЕТНИЧКИТЕ И ВЕРСКИТЕ АНТАГОНИЗМИ ВО РМ



NatashaStevanoskaИако многу значаен, остана неодбележан од ниту еден медиум тридневниот тренинг кој Прогрес институтот во соработка со Kalevi sorsa Fondacija од Финска i Fondacija Friedrich Ebert –канцеларија Скопје го организираа на тема „Inter-ethnic dialogue and collaboration at local and regional level„ .
Презафатени со дневно политичките препукувања и раздрмани од потресите предизвикани од се поизразеното општо незадоволство во земјава, властите, мултиетничките односи и интер-етничкиот дијалог и колаборација на локално и регионално ниво како фундамент на едно здраво општество, го оставија на маргините. Развојот на здравите општествени односи особено во една мултиетничка држава каква што е Р.Македонија, се базира на почитување и признавање на различните култури, верските и етнички различности. Политиката е алатка преку која треба да се овозможи различните култури да коегзистираат во едно општество. Еднаквите права и можности на различните етнички заедници се предуслов за прифаќање на единствениот политичи систем како обележје на една правична и непристрасна држава.
Интерактивните разлики помеѓу различните етникуми се можност за да се дојде до нови решенија и да се постигнат нови принципи за акција поставени врз основите на еднаквоста, достоинството и правата на сите. Владата, за да го постигне ефектот на меѓуетничка толеранција и мултикултурен прогрес, потребно е да ги издигне овие различности како национално богатство, и да се развие грѓанската свест во оваа насока.
За разлика од ова, во Р.Македонија постои една сосема поинаква реалност. Власта овие различности ги третира како национална закана. Присутна е една невидена еднонасочна кампања на фаворизирање на една етничка група, дотолку изопачена, што се изгубија во неа и самите припадници на истата. Стереотипите и предрасудите во односот со останатите етнички заедници се силно изразени. Владината политика форсирајќи ги националните чувства на етничка база за дневно политички цели, градејќи верски објекти од буџетски средства само за една религија за сметка на останатите, провоцирајќи експлозивни реакции и презентирајќи јасна доминација и дискриминација на сите останати, промовира и наметнува надменост на една религија и нација, што води до фрустрација на останатите и како краен резултат, конфликтно општество.
И покрај фактот дека во Р.Македонија добар дел од населението се муслимани, Министерството за култура го финансираше карневалот во Вевчани со 50 000 евра и поддржа исмејување на муслиманската религија. Зарем навистина мислеа дека ќе се смее и Муфтивството? Зарем не можеа да ги претпостават реакциите и настаните кои ќе следат после изживувањето врз Куранот како најсвето нешто за секој муслиман? Каква е таа потреба за постојана деградација и провоцирање на етнички и верски конфликти? Се палеа крстови, ковчези од мртовци, се исмејуваше папата, гореа знамиња и се пееја национални песни кои будат патриотски чувства. Така се градеше културата и се промовираа методите за дијалог.
Министерката за внатрешни работи, без воопшто да ја знае дефиницијата за поимот кој што го употребува, излезе пред јавноста со изјава во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, дека делото е извршено од „радикална исламистичка терористичка група„ , која патем, после кратко време, беше ослободена од обвинението, односно осомничените кои беа приведени,поголемиот дел беа пуштени на слобода. Клучните докази во постапката беа, пронајден Куран во куќата, исламска литература, теспих (синѓирче кое се користи за молитва) и по некоја сеџда (дипла на која муслиманот се клања) . Без практично никакви докази, под притисок на јавноста за брзо решавање на случајот, власта одбра политичко жртвено јагне,наместо да ги фати убијците кои го извршија ова грозоморно дело и на најефикасен начин да ја задоволи правдата по закон се разбира. Изјавата и воопшто целиот случај кој будно беше следен, испровоцираа бурни реакции од еминентни правници, кривичари, аналитичари, претставници на ИВЗ, а светот во чудење од недоветната изјава, некоментирајќи ја, претставници од разни земји упатуваа само сочуство до семејствата. Се испровоцираа протести, се испровоцира вандализам, а јазот помеѓу различностите се продлабочи и зацврсти.
Се поставува прашањето, дали оваа Влада воопшто има капацитет и воља за да воспостави меѓуетнички дијалог. Дали можеби ова не е само тактика која се применува за да се држат граѓаните поделени и во постојана психолошка состојба на страв и неизвесност од евентуални немири и војна? Дали намерно се негува таа верска и етничка нетрпеливост а по потреба наменски се разгорува? Можеби некому му одговара ваквата состојба и ваквата политика. После сите случувања, односите на ова поле помеѓу етникумите се во еден постојан антагонизам а чувствителноста на припадниците издигната до иритираност така што потребна е само искра за да иницијалната каписла биде испукана. Денес, во Р.Македонија, поедини етнички заедници водат борба со Владата за воопшто да бидат признати дека постојат, Торбешите со години се во одбрана на својот идентитетски код, својата култура, своето постоење. Претставуваат значаен сегмент во севкупното државно културно наследство со својата богата културолошка орнаментика, но тие се „недоволно значајни„ за да им биде признато нивното посебно идентитеско обележје и да бидат дел од Уставот на Р.Македонија, за што сеуште се борат.
За иронијата во државата да биде уште поголема, постои и владина Агенција за остварување на правата на зедниците, што е крајно лицемерие со оглед на тоа што има преземено до сега во ова насока.

Пишува: м-р Наташа Стеваноска