Friday, August 17, 2012

Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед а.с.

Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед Екстремно десничарска група доби вчера на суд во Берлин право јавно да истакнува провокативни карикатури на пророкот Мухамед за време на планираните демонстрации овој викенд пред џамија. Административниот суд во Берлин пресуди дека групата „Про Дојчланд“ може јавно да носи копии од карикатурите на пророкот Мухамед, кои прв пат беа објавени во Данска во 2005 година, кога предизвикаа силни протести на муслиманите ширум светот. Исламскиот закон забранува сликање на пророкот Мухамед. Судот соопшти дека ја отфрлил итната жалба, која ја поднесоа три исламски конгрегации со цел да го спречат „Про Дојчланд“ јавно да ги прикажува карикатурите на Мухамед пред џамијата за време на демонстрациите, кои се најавени за утре. Судот нагласи дека карикатурите се заштитени со уметничка слобода и оти законски не можат да бидат сметани за злоупотреба на верска група. - Обичното прикажување на карикатурите на Мухамед не ги квалификува како повик за омраза или насилство против специфичниот сегмент на популацијата, се наведува од судот. Полицијата стравува од судири за време на демонстрациите во Берлин, по насилството на слични протести на екстремната десница против исламската салафистичка заедница порано оваа година во западната германска државна Северна Рајна Вестфалија. Утрински весник Како завршиле оние кои го вреѓале Мухаммед?

Friday, August 10, 2012

Геноцидот кој се врши во Бурма

Од ден во ден ситуацијата во Аракан е се полоша и полоша. Апсењето и злоставувањето во општините Муангдау, како и населбите во општината Ситва и Кјуктау не престануваат . Здружените орди на Рахина будистите во соработка со бурманската полиција и безбедносните апарати, вршат етничко, верско и расно читење на Аракан од Рохинга муслиманите со црна боја на кожа, кои според ОН се најзагрозеното национално малцинство во светот. Неколку десетици илјади убиени со огнено оружје, брутално претепани до смрт, запалени и заклани Рохинга (анг. Rohingya), повеќе десетици илјади запалени куќи, над 100 000 бездомници, илјадници злоставувани и силувани Рогинга муслиманки – е билансот на зверскиот поход на “мирољубивите“ будисти од Рахина заедницата, известуваат медиумските сервиси на Рохинга муслиманите. Голем број на муслимани кои успеале да побегнат од ножот на своите комшии будисти се соочуваат со глад и жед, затоа што прехрамбените артикли им се потрошени, а Рахина мушриците не дозволуваат да им се продава артикли на муслиманите, а покрај тоа умметот и ОН не превземаат никакви практични чекори. Многубројните апели за помош упатени до светската заедница од страна на Рохинга здружението – срамно се игнорирани, не само од ОН и “чуварите на човекови права“ од Запад, туку и од муслиманските светски заедници! Умметот како да не го слуша крикот на силуваните Рохинга девојчиња од 13 години. Всушност илјадници силувани и зластавени муслиманки на старост од 13 до 65 години! Додека расистичките и терористичките ѕверски орди на будистите вршат иживување над телата на муслиманките, луѓето кои себеси се нарекуваат муслимани не знаат ни каде на мапата се наоѓа Аракан, местото на актуелниот геноцид над муслиманите, но затоа пак ја знаат комплетната постава на тимовите на Шпанија и Португалија. Рохинга информативниот сервис овие денови известува за болни срцепарачки призори на геноцид кој и понатаму тече: покрај апсењето и носењето на муслиманите, бруталните силувања, палењето на цели села и брутални убиства, Рахина будистичките ѕверови спроведуваат систематско палење на џамиите, палење и газење врз исламската света книга, како и уринирање по неа. Додека муслиманите немо набљудуваат Всушност, многу муслимани толку беа окупирани со следењето на спорскиот спектакл што немаа ниту време да ги слушнат страњата на Рохинга муслиманите во Бурма. Да се сочуствува со страдањата на муслиманите во светот Илјадници муслимани умираат широм светот, а нашите срца како да станале имуни на страдањата на муслиманите, нашите уши станале глуви, чуствата нормални и “пусти“, а од длабочината на нашите срца не излегува ниту најмало треперење. Дали сме станале незаитересирани за оваа ситуација затоа што немаме начин да ги браниме тие муслимани, или сме од ное кои не се помрднуваат, чуствувајќи дека нашите сопствени проблеми станале претешки, и дека не се разликуваат од проблемите на тие муслимани? Бурма, Сирија, Кашмир, Палестина, Јемен, Кавказ, Сомалија..... дали некогаш сме ги слушнале гласовите на муслиманите таму, каква е нивната состојба, или не сме слушнале за нивните страдања воопшто, дури ни локацијата на самите региони каде тие муслимани се наоѓааат, никогаш не не интересирало да ги дознаеме? Како муслиманот може да биде вака лош? Само поради тоа што самите имаме многу проблеми , иако многу од нив се преувеличени, ние лесно ги потценуваме страдањата на муслиманите во одалечените краеви. Зарем немаме чуство во најдлабоките делови на срцето, зарем нема лутина која е посилна од звукот на стискање на заби со кои ја изразуваме нашата емотивна состојба? Кога ќе ги отвориме весниците дали таму ги читаме само написити од спортот, или на интернет ги следиме само вестите со озборувањата на славните? Знаеме ли за трагедијата на големиот број муслимани широм светот? Жена е силувана, дете е убиено и човек умира на улица. Зошто не се обидуваме тоа да го читаме, само да го прочитаме? Зарем мораме трагедијата да ја почуствуваме на своја кожа за да во неа поверуваме, за да сочуствуваме со милиони муслимани кои во овој момент страдаат. Зарем треба нашите мајки и сестри да бидат силувани пред наши очи, вратовите на нашите татковци пресечени пред нас, и ние самите да бидеме влечени по мрачните улици само поради тоа што ја практикуваме вера ислам, зарем тоа треба да се случи, па да се сетиме на напатените муслимани. Трагедијата нема никогаш вистински да се осети освен кај оние кои ја доживуваат, кои низ неа поминуваат и тогаш стануваат и се спротиставуваат. Опцијата е, пред вистински да го почуствуваме тоа страдање, да ги почуствуваме во себе, да почуствуваме како се чуствуваат муслиманите кои патат и да им помогнеме, макар и со искрена дова кон Аллах! Сочуствуваме со нив! Затоа што ако тоа страдање не задеси нас, дали ќе можеме да издржиме? О Аллаху помогни им на муслиманите во Бурма и олесни им го страдањето, а изгубеното надополни им го на Денот кога убиецот и убиениот ќе застанат пред тебе, па убиениот ќе си го побара своето право! Преземено: Исламски Центар

Thursday, August 9, 2012

ЕТНИЧКИТЕ И ВЕРСКИТЕ АНТАГОНИЗМИ ВО РМ



NatashaStevanoskaИако многу значаен, остана неодбележан од ниту еден медиум тридневниот тренинг кој Прогрес институтот во соработка со Kalevi sorsa Fondacija од Финска i Fondacija Friedrich Ebert –канцеларија Скопје го организираа на тема „Inter-ethnic dialogue and collaboration at local and regional level„ .
Презафатени со дневно политичките препукувања и раздрмани од потресите предизвикани од се поизразеното општо незадоволство во земјава, властите, мултиетничките односи и интер-етничкиот дијалог и колаборација на локално и регионално ниво како фундамент на едно здраво општество, го оставија на маргините. Развојот на здравите општествени односи особено во една мултиетничка држава каква што е Р.Македонија, се базира на почитување и признавање на различните култури, верските и етнички различности. Политиката е алатка преку која треба да се овозможи различните култури да коегзистираат во едно општество. Еднаквите права и можности на различните етнички заедници се предуслов за прифаќање на единствениот политичи систем како обележје на една правична и непристрасна држава.
Интерактивните разлики помеѓу различните етникуми се можност за да се дојде до нови решенија и да се постигнат нови принципи за акција поставени врз основите на еднаквоста, достоинството и правата на сите. Владата, за да го постигне ефектот на меѓуетничка толеранција и мултикултурен прогрес, потребно е да ги издигне овие различности како национално богатство, и да се развие грѓанската свест во оваа насока.
За разлика од ова, во Р.Македонија постои една сосема поинаква реалност. Власта овие различности ги третира како национална закана. Присутна е една невидена еднонасочна кампања на фаворизирање на една етничка група, дотолку изопачена, што се изгубија во неа и самите припадници на истата. Стереотипите и предрасудите во односот со останатите етнички заедници се силно изразени. Владината политика форсирајќи ги националните чувства на етничка база за дневно политички цели, градејќи верски објекти од буџетски средства само за една религија за сметка на останатите, провоцирајќи експлозивни реакции и презентирајќи јасна доминација и дискриминација на сите останати, промовира и наметнува надменост на една религија и нација, што води до фрустрација на останатите и како краен резултат, конфликтно општество.
И покрај фактот дека во Р.Македонија добар дел од населението се муслимани, Министерството за култура го финансираше карневалот во Вевчани со 50 000 евра и поддржа исмејување на муслиманската религија. Зарем навистина мислеа дека ќе се смее и Муфтивството? Зарем не можеа да ги претпостават реакциите и настаните кои ќе следат после изживувањето врз Куранот како најсвето нешто за секој муслиман? Каква е таа потреба за постојана деградација и провоцирање на етнички и верски конфликти? Се палеа крстови, ковчези од мртовци, се исмејуваше папата, гореа знамиња и се пееја национални песни кои будат патриотски чувства. Така се градеше културата и се промовираа методите за дијалог.
Министерката за внатрешни работи, без воопшто да ја знае дефиницијата за поимот кој што го употребува, излезе пред јавноста со изјава во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, дека делото е извршено од „радикална исламистичка терористичка група„ , која патем, после кратко време, беше ослободена од обвинението, односно осомничените кои беа приведени,поголемиот дел беа пуштени на слобода. Клучните докази во постапката беа, пронајден Куран во куќата, исламска литература, теспих (синѓирче кое се користи за молитва) и по некоја сеџда (дипла на која муслиманот се клања) . Без практично никакви докази, под притисок на јавноста за брзо решавање на случајот, власта одбра политичко жртвено јагне,наместо да ги фати убијците кои го извршија ова грозоморно дело и на најефикасен начин да ја задоволи правдата по закон се разбира. Изјавата и воопшто целиот случај кој будно беше следен, испровоцираа бурни реакции од еминентни правници, кривичари, аналитичари, претставници на ИВЗ, а светот во чудење од недоветната изјава, некоментирајќи ја, претставници од разни земји упатуваа само сочуство до семејствата. Се испровоцираа протести, се испровоцира вандализам, а јазот помеѓу различностите се продлабочи и зацврсти.
Се поставува прашањето, дали оваа Влада воопшто има капацитет и воља за да воспостави меѓуетнички дијалог. Дали можеби ова не е само тактика која се применува за да се држат граѓаните поделени и во постојана психолошка состојба на страв и неизвесност од евентуални немири и војна? Дали намерно се негува таа верска и етничка нетрпеливост а по потреба наменски се разгорува? Можеби некому му одговара ваквата состојба и ваквата политика. После сите случувања, односите на ова поле помеѓу етникумите се во еден постојан антагонизам а чувствителноста на припадниците издигната до иритираност така што потребна е само искра за да иницијалната каписла биде испукана. Денес, во Р.Македонија, поедини етнички заедници водат борба со Владата за воопшто да бидат признати дека постојат, Торбешите со години се во одбрана на својот идентитетски код, својата култура, своето постоење. Претставуваат значаен сегмент во севкупното државно културно наследство со својата богата културолошка орнаментика, но тие се „недоволно значајни„ за да им биде признато нивното посебно идентитеско обележје и да бидат дел од Уставот на Р.Македонија, за што сеуште се борат.
За иронијата во државата да биде уште поголема, постои и владина Агенција за остварување на правата на зедниците, што е крајно лицемерие со оглед на тоа што има преземено до сега во ова насока.

Пишува: м-р Наташа Стеваноска

Окултна средба во Њујорк- се слават навредите кон Исламот на 11 Септември


lars-vilks_1637950c Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс ќе зборува на конференција што на 11 септември годинава во Њујорк ќе ја организира антмуслиманската организација „Запрете ја изламизацијата на нациите“ (Stop Islamization of Nations, СИОН).
Ларс Вилкс, кој досега повеќепати беше изложен на исламистички закани, а Ал Каеда пред извесно време распиша награда од 100.000 долари за негово убиство, вели дека не ги дели погледите и сфаќањата на споменатата организација, но и дека би сакал да добие поблизок увид во нивните размислувања.
Претставници на СИОН, според податоци во шведски медиуми, неодамна престојувале во Стокхолм за да ја одржат својата “прва глобална средба против џихадот и радикалниот исламизам“.
Карикатурите на пророкот Мухамед прикажан со тело на куче првпат беа објавени во шведскиот дневен весник „Нерикес алеханда“ есента 2007 година, а што беше проследено со простести и закани против авторот Вилкс и против главниот и одговорен уредник на весникот.
Карикатутрите подоцна беа објавени уште во неколку шведски водечки весници како „заземање став во интерес на заштитата на слободата на говорот и изразувањето, бидејќи и тоа што контроверзно или изложено на критики треба да биде објавено“.

А1 он

НАПЛИВ НА ВЕРСКА НЕТРПЕЛИВОСТ ВО САД


По убиството на Сиките, опожарена и џамија

Во градот Џоплин, американската сојузна држава Канзас затсиноќа е опожарена џамија. Во пожарот никој не настрадал, а сторителот се уште не е познат. Претставник на локалната полиција изјави дека џамијата е целосно уништена. Тој наведе дека не може да го оцени делото како расистичко бидејќи се уште никој не е уапсен. На четврти јули непознато лице фрлило молотов коктел врз покривот на истата џамија.
Што се однесува до претходниот инцидент со нападот на храмот на Сиките во Висконсин, осомничениот убиец на шестемина е идентификуван од Организацијата за заштита на граѓанските права како "очаен неонацист". Напаѓачот, 40-годишниот Вејд Мајкл Пејџ беше застрелан од полицијата. Тој е поранешен војник во американската армија, но во 1998 година добил отказ од армијата на САД поради непримерно однесување, како и тоа што бил пијан на дежурство. Пејџ завчера вооружен со најмалку два полуавтоматски пиштоли влегол во храмот во време кога собраните верници се подготвувале за богослужба. Властите нападот го означија како внатрешен тероризам, а Индија го осуди нападот.
На вчерашното оплакување на недолжните жртви присуствуваше и гувернерот на Висконсин, Скот Вокер.




Фобовест: „Џамијата во Чаир повторно актуелна во „Вечер“

Иако Градоначалникот на Чаир официјално беше повикан и присуствуваше на отварањето на џамијата во Чаир повторно се разгореа весниците и дневниот лавеж во празно за „фамозната“ дивоградба. Никој уште не дефинирал што е дивоградбата овде во оваа неотворена зграда и каде се фамозните минариња за кои навистина смешно делуваше вчерашното истражување во „Вечер“ кој тврдеше дека тие ќе бидат изградени врз самата зграда...Навистина секој слатко ќе се насмее на оваа имагинација и апсурд. Иако има подршка од Ивз и е со нејзин благосов, сепак „вечер“ не остана покус со своите крајно исламофобични коментари и интерпретации.

Џамијата во станбената зграда во Чаир - дивоградба!?
За неа прв пат слушнаа и во секторот за урбанизам од каде, според законот, треба да ја издадат дозволата за работа, односно да извршат пренамена на просторот од деловен во простор за вршење на верски обреди




Никој од надлежните во Општина Чаир не е информиран за џамијата "Оџа Абдулкадер Арнаути" која е отворена на приземјето во нова станбена града на улица Крсте Асенов во близина на Поликлиниката. За неа прв пат слушнаа и во секторот за урбанизам од каде, според законот треба да ја издадат дозволата за работа, односно да извршат пренамена на просторот од деловен во простор за вршење на верски обреди.
- Не сме издале дозвола за такво нешто, барем не во изминативе шест месеци откако сум јас на оваа позиција, изјави началникот на секторот Џенгис Хани, кој за подетални информации, сепак, ни препорача да го побараме градоначалникот на општината Изет Меџити. Но, нашите обиди да стапиме во контакт со општинскиот татко беа безуспешни и покрај тоа што се обидовме да го исконтактираме преку десетина негови вработени.
Како што веќе пишувавме, верскиот храм е отворен во нова се уште невселена зграда. Едната страна на станбениот објект е наменет за верска настава за жени, а од другата страна која е тазе доградба, лепенка на зградата се вршат верски обреди и молитви. Приземјето од женскиот дел е уреден и обележен со натпис Џамија Оџа Абдулкадер Арнаути, а на машкиот дел има само рачно испишан натпис "хурја е џамис". Иако овој дел од надворешната страна изгледа како да не е доизграден, сепак екипата на ВЕЧЕР регистрираше дека верниците влегуваат внатре исто како во традиционална џамија, со собување на чевлите пред врата. Во близина на влезот на "џамијата" има дури и импровизирана чешма со неколку славини. Иста доградба има и на рамниот покрив на десеткатницата.
Од Исламската верска заедница ни изјавија дека ова е времено молитвено место кое е отворено со нивен благослов поради тоа што во време на рамазанските пости бројот на верниците е зголемен и не ги собирало во џамиите.
(Е.А.)
ФОТО:Ѓ.ЛИЧОСКИ

Исламофобичен текст во „вечер“

Доказ дека весникот близок на власта шири исламофобија веќе подолг  период укажува на опасноста од понатамошни реперкусии и исламофобичност. Поради тоа ќе укажеме на поголем број на текстови кои се предмет или тема на некои весници со што расте нетрпеливоста и нехуманиот однос кон муслиманите кои со векови живеат во мир и толеранција со своите соседи. Еве го текстот во целост објавен на 19. 07 2012 од непознат автор со иницијали И.Р.


Арапите ги потиснуваат христијаните кај себе, а се шират низ европските држави

И Бугарија се исламизира!

Во Бугарија последните десет години се изградени над 150 нови џамии, повеќето финансирани од Саудиска Арабија, земја во која вахабизмот е официјална религија. Поголем дел од новите џамии е изграден со пари испратени од таа земја

Според податоците Бугарија е држава-членка на Европската унија со најголем број муслимани. Нивниот број е се поголем, поради тоа голем број на десничарски организации и некои експерти предупредуваат дека Бугарија во иднина би можела да стане земја со мнозинско муслиманско население. Во Бугарија последните десет години се изградени над 150 нови џамии, повеќето финансирани од Саудиска Арабија, земја во која вахабизмот е официјална религија. Поголем дел од новите џамии е изграден со пари испратени од таа земја.
Радикализмот и фунадаменталниот ислам, пред две години беше топ тема во бугарската јавност. Никаде во Европската унија муслиманското население процентуално не е толку бројно како во Бугарија. Тајните служби од Бугарија откриваат дека во голем дел од џамиите има училишта. Едно кое е сместено за воден дел на џамија, требало да се затвори уште пред три години, зашто постојат сомневања дека е финансирано од организацијата Ал вакф ал ислами од Холандија, која е забранета поради учество во терористички напади. Според критичарите ваквата состојба во Бугарија не е добра за демократскиот развој на земјата, додека пак експертите велат дека радикалните идеи кај муслиманите ги поттикнува сиромаштијата. Според нив областите каде живеат бугарските муслимани често се неразвиени и во нив владее голема сиромаштија. Во такви услови парите од богатите земји како Саудиска Арабија имаат големо влијание и го помагаат ширењето на радикалните тенденции. Иако бугарските власти со години се обидуваа да го игнорираат постоењето и развојот, пред се на радикалниот ислам, сепак, информациите кои доаѓаа покажуваа дека пари од истокот со години влегуваа во Бугарија. Последните информации велат дека со вкупно шест милиони евра владата на Турција ќе ја финансира најголемата џамија во Бугарија. Џамијата е во јужниот бугарски град Крџали и ќе има капацитет од 1.500 луѓе.
За изградбата на медресата (верско средно училиште) и ученичкиот дом во Момчил Град отворен во 2011 година, повторно беше ангажирана турската влада, како и градбата на џамијата во Маглај (БиХ) и џамијата во Тесањ. Турската фондација ТУБА ја изгради и џамијата во Сараево, која беше отворена во 2012 година. Во споредба со Бугарија во Македонија последните десет години се изградени повеќе од 300 џамии, двојно повеќе од Бугарија, од кои само во Скопје и околината ги има над дваесет. На територијата на Македонија се изградени 2.466 верски објекти и нивниот број, како што велат од Комисијата за односи меѓу верските заедници, се зголемува секој месец. Според тоа во просек има по еден храм од овие религии на секои десет квадратни километри. Според картата за верски објекти во Македонија има 1.842 православни верски објекти (цркви и манастири). Најмногу цркви има во Преспанско-пелагониската епархија, односно 505 објекти, а најмалку во Струмичката епархија - 83 објекти. Од муслиманските објекти има регистрирано над 600 џамии, од кои најмногу се изградени во Скопското муфтиство, како 115 објекти, а најмалку џамии има во Ресенското муфтиство.
(И.Р)