Friday, August 17, 2012

Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед а.с.

Германската екстремна десница доби право да прикажува карикатури на Мухамед Екстремно десничарска група доби вчера на суд во Берлин право јавно да истакнува провокативни карикатури на пророкот Мухамед за време на планираните демонстрации овој викенд пред џамија. Административниот суд во Берлин пресуди дека групата „Про Дојчланд“ може јавно да носи копии од карикатурите на пророкот Мухамед, кои прв пат беа објавени во Данска во 2005 година, кога предизвикаа силни протести на муслиманите ширум светот. Исламскиот закон забранува сликање на пророкот Мухамед. Судот соопшти дека ја отфрлил итната жалба, која ја поднесоа три исламски конгрегации со цел да го спречат „Про Дојчланд“ јавно да ги прикажува карикатурите на Мухамед пред џамијата за време на демонстрациите, кои се најавени за утре. Судот нагласи дека карикатурите се заштитени со уметничка слобода и оти законски не можат да бидат сметани за злоупотреба на верска група. - Обичното прикажување на карикатурите на Мухамед не ги квалификува како повик за омраза или насилство против специфичниот сегмент на популацијата, се наведува од судот. Полицијата стравува од судири за време на демонстрациите во Берлин, по насилството на слични протести на екстремната десница против исламската салафистичка заедница порано оваа година во западната германска државна Северна Рајна Вестфалија. Утрински весник Како завршиле оние кои го вреѓале Мухаммед?

No comments:

Post a Comment