Thursday, August 9, 2012

ЕТНИЧКИТЕ И ВЕРСКИТЕ АНТАГОНИЗМИ ВО РМ



NatashaStevanoskaИако многу значаен, остана неодбележан од ниту еден медиум тридневниот тренинг кој Прогрес институтот во соработка со Kalevi sorsa Fondacija од Финска i Fondacija Friedrich Ebert –канцеларија Скопје го организираа на тема „Inter-ethnic dialogue and collaboration at local and regional level„ .
Презафатени со дневно политичките препукувања и раздрмани од потресите предизвикани од се поизразеното општо незадоволство во земјава, властите, мултиетничките односи и интер-етничкиот дијалог и колаборација на локално и регионално ниво како фундамент на едно здраво општество, го оставија на маргините. Развојот на здравите општествени односи особено во една мултиетничка држава каква што е Р.Македонија, се базира на почитување и признавање на различните култури, верските и етнички различности. Политиката е алатка преку која треба да се овозможи различните култури да коегзистираат во едно општество. Еднаквите права и можности на различните етнички заедници се предуслов за прифаќање на единствениот политичи систем како обележје на една правична и непристрасна држава.
Интерактивните разлики помеѓу различните етникуми се можност за да се дојде до нови решенија и да се постигнат нови принципи за акција поставени врз основите на еднаквоста, достоинството и правата на сите. Владата, за да го постигне ефектот на меѓуетничка толеранција и мултикултурен прогрес, потребно е да ги издигне овие различности како национално богатство, и да се развие грѓанската свест во оваа насока.
За разлика од ова, во Р.Македонија постои една сосема поинаква реалност. Власта овие различности ги третира како национална закана. Присутна е една невидена еднонасочна кампања на фаворизирање на една етничка група, дотолку изопачена, што се изгубија во неа и самите припадници на истата. Стереотипите и предрасудите во односот со останатите етнички заедници се силно изразени. Владината политика форсирајќи ги националните чувства на етничка база за дневно политички цели, градејќи верски објекти од буџетски средства само за една религија за сметка на останатите, провоцирајќи експлозивни реакции и презентирајќи јасна доминација и дискриминација на сите останати, промовира и наметнува надменост на една религија и нација, што води до фрустрација на останатите и како краен резултат, конфликтно општество.
И покрај фактот дека во Р.Македонија добар дел од населението се муслимани, Министерството за култура го финансираше карневалот во Вевчани со 50 000 евра и поддржа исмејување на муслиманската религија. Зарем навистина мислеа дека ќе се смее и Муфтивството? Зарем не можеа да ги претпостават реакциите и настаните кои ќе следат после изживувањето врз Куранот како најсвето нешто за секој муслиман? Каква е таа потреба за постојана деградација и провоцирање на етнички и верски конфликти? Се палеа крстови, ковчези од мртовци, се исмејуваше папата, гореа знамиња и се пееја национални песни кои будат патриотски чувства. Така се градеше културата и се промовираа методите за дијалог.
Министерката за внатрешни работи, без воопшто да ја знае дефиницијата за поимот кој што го употребува, излезе пред јавноста со изјава во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, дека делото е извршено од „радикална исламистичка терористичка група„ , која патем, после кратко време, беше ослободена од обвинението, односно осомничените кои беа приведени,поголемиот дел беа пуштени на слобода. Клучните докази во постапката беа, пронајден Куран во куќата, исламска литература, теспих (синѓирче кое се користи за молитва) и по некоја сеџда (дипла на која муслиманот се клања) . Без практично никакви докази, под притисок на јавноста за брзо решавање на случајот, власта одбра политичко жртвено јагне,наместо да ги фати убијците кои го извршија ова грозоморно дело и на најефикасен начин да ја задоволи правдата по закон се разбира. Изјавата и воопшто целиот случај кој будно беше следен, испровоцираа бурни реакции од еминентни правници, кривичари, аналитичари, претставници на ИВЗ, а светот во чудење од недоветната изјава, некоментирајќи ја, претставници од разни земји упатуваа само сочуство до семејствата. Се испровоцираа протести, се испровоцира вандализам, а јазот помеѓу различностите се продлабочи и зацврсти.
Се поставува прашањето, дали оваа Влада воопшто има капацитет и воља за да воспостави меѓуетнички дијалог. Дали можеби ова не е само тактика која се применува за да се држат граѓаните поделени и во постојана психолошка состојба на страв и неизвесност од евентуални немири и војна? Дали намерно се негува таа верска и етничка нетрпеливост а по потреба наменски се разгорува? Можеби некому му одговара ваквата состојба и ваквата политика. После сите случувања, односите на ова поле помеѓу етникумите се во еден постојан антагонизам а чувствителноста на припадниците издигната до иритираност така што потребна е само искра за да иницијалната каписла биде испукана. Денес, во Р.Македонија, поедини етнички заедници водат борба со Владата за воопшто да бидат признати дека постојат, Торбешите со години се во одбрана на својот идентитетски код, својата култура, своето постоење. Претставуваат значаен сегмент во севкупното државно културно наследство со својата богата културолошка орнаментика, но тие се „недоволно значајни„ за да им биде признато нивното посебно идентитеско обележје и да бидат дел од Уставот на Р.Македонија, за што сеуште се борат.
За иронијата во државата да биде уште поголема, постои и владина Агенција за остварување на правата на зедниците, што е крајно лицемерие со оглед на тоа што има преземено до сега во ова насока.

Пишува: м-р Наташа Стеваноска

2 comments:

  1. Кај притворените поврзани со случајот Железарско езеро беше најдена голема количина оружје.

    Државата треба да помага за воспоставување и одржување на меѓуверски и меѓуетнички односи. Во Охрид се одржува конференција на меѓурелигиски дијалог, на пример. Но државата никогаш не е способна и не може просто, да ја преземе целата иницијатива. Тоа останува на невладиниот сектор односно цивилното општество. Тоа останува на ВАМ. Имате страст за темава, зошто не спроведете некаква програма како за почеток?

    Како тоа Торбешите да бидат признаени како посебна етничка група кога тие се Македонци? Многу од нив се Македонци и подеднакво многу се дистанцираат од македонците. Дефинитивно треба да добијат преференцијален однос од државата и локалните самоуправи. Се друго би значело уште една делба на македонскиот народ а тоа како народ нема да го прифатиме.

    Има многу што да се реплицира на овој краток но жесток текст, но нема потреба. Совет- повеќе работете наместо да пишувате работи што на сите ни се познати.

    ReplyDelete
  2. Г-дин Педро неодамна ни помогна со заем кој го искористивме за да го прошириме нашиот бизнис. Процесот беше неверојатен! Тој беше во контакт со нас често за да се пријави и да не информира за тоа што се случуваше во текот на нашата отплата на заемот. Тој беше пријателски расположен и пристапен и секогаш можеше да ги разјасни прашањата што ги имавме. Имавме толку големо искуство работејќи со Педро!!
    Контактирајте со службеникот за заем Педро
    Е-пошта: pedroloanss@gmail.com
    WhatsApp: +18632310632

    ReplyDelete