Thursday, August 9, 2012

Фобовест: „Џамијата во Чаир повторно актуелна во „Вечер“

Иако Градоначалникот на Чаир официјално беше повикан и присуствуваше на отварањето на џамијата во Чаир повторно се разгореа весниците и дневниот лавеж во празно за „фамозната“ дивоградба. Никој уште не дефинирал што е дивоградбата овде во оваа неотворена зграда и каде се фамозните минариња за кои навистина смешно делуваше вчерашното истражување во „Вечер“ кој тврдеше дека тие ќе бидат изградени врз самата зграда...Навистина секој слатко ќе се насмее на оваа имагинација и апсурд. Иако има подршка од Ивз и е со нејзин благосов, сепак „вечер“ не остана покус со своите крајно исламофобични коментари и интерпретации.

Џамијата во станбената зграда во Чаир - дивоградба!?
За неа прв пат слушнаа и во секторот за урбанизам од каде, според законот, треба да ја издадат дозволата за работа, односно да извршат пренамена на просторот од деловен во простор за вршење на верски обреди




Никој од надлежните во Општина Чаир не е информиран за џамијата "Оџа Абдулкадер Арнаути" која е отворена на приземјето во нова станбена града на улица Крсте Асенов во близина на Поликлиниката. За неа прв пат слушнаа и во секторот за урбанизам од каде, според законот треба да ја издадат дозволата за работа, односно да извршат пренамена на просторот од деловен во простор за вршење на верски обреди.
- Не сме издале дозвола за такво нешто, барем не во изминативе шест месеци откако сум јас на оваа позиција, изјави началникот на секторот Џенгис Хани, кој за подетални информации, сепак, ни препорача да го побараме градоначалникот на општината Изет Меџити. Но, нашите обиди да стапиме во контакт со општинскиот татко беа безуспешни и покрај тоа што се обидовме да го исконтактираме преку десетина негови вработени.
Како што веќе пишувавме, верскиот храм е отворен во нова се уште невселена зграда. Едната страна на станбениот објект е наменет за верска настава за жени, а од другата страна која е тазе доградба, лепенка на зградата се вршат верски обреди и молитви. Приземјето од женскиот дел е уреден и обележен со натпис Џамија Оџа Абдулкадер Арнаути, а на машкиот дел има само рачно испишан натпис "хурја е џамис". Иако овој дел од надворешната страна изгледа како да не е доизграден, сепак екипата на ВЕЧЕР регистрираше дека верниците влегуваат внатре исто како во традиционална џамија, со собување на чевлите пред врата. Во близина на влезот на "џамијата" има дури и импровизирана чешма со неколку славини. Иста доградба има и на рамниот покрив на десеткатницата.
Од Исламската верска заедница ни изјавија дека ова е времено молитвено место кое е отворено со нивен благослов поради тоа што во време на рамазанските пости бројот на верниците е зголемен и не ги собирало во џамиите.
(Е.А.)
ФОТО:Ѓ.ЛИЧОСКИ

No comments:

Post a Comment